Демократската унија за интеграција (ДУИ) одбележа 15 години од формирањето.
– Во овие 15 години почитувани членови и граѓани, заедно имаме направено многу, почнувајќи од: уставните измени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, албанските национални симболи, унапредување на употребата на албанскиот јазик, правичната застапеност во државните институции, заокружувањето на инфраструктурата во високото образование со легализација на ДУТ, отворање нови факултети, студентски домови, нови спортски сали, основањето на албанскиот државен универзитет во Скопје, изградба на повеќе училишта, детски градинки, спортски сали, изградба на слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Липково, добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, либерализација на визниот режим со земјите на ЕУ, отворањето на претпристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, проектот за гасификација за Скопје, Тетово и Гостивар, изградба на нови патишта и автопатот Кичево-Струга, енергетската врска со Албанија, граничниот премин со Косово и Албанија без пасош, демаркација на граничната линија со Косово, признавање на независноста на Косово, плоштадот Скендербег, плоштадот Илириа, плоштадот на знамето, Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери, Неџат Аголи, Пјетр Богдани во Скопје…, се вели во денешното соопштение од ДУИ.
Во него како дел од она што партијата успеала да го направи се посочуваат и одбележувањето на 100-годишнината од албанската азбука, раѓањето на Мајка Тереза, како и 100-годишнината од знамето, Албанскиот театар во Скопје, библиотеката и театарот во Тетово, Музејот на албанската азбука во Битола и Музејот на слободата, Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас, водоснабдувачки систем во албанските населени места, ургентни центри во Тетово и болнички центар, субвенции за земјоделците, образовни стипендии и безброј други проекти.
– Секој предизвик, секое соочување, секое достигнување, секој успех е заеднички, и токму овој 15-годишен јубилеј го отсликува клучниот факт кој ја изедначува ДУИ со народот, ДУИ која не го разочарува народот и ДУИ која целосно дејствува во согласност со очекувањата на народот. Но, оваа 15 годишнина, исто така не наоѓа и пред многу сериозни и одлучувачки предизвици за албанците, за земјата, за регионот. Во околности на големи судири на геополитички и геостратешки интереси, идеолошки судири, ДУИ и понатаму останува цврста посветена во својата ориентација, за интегрирање на Македонија и регионот во НАТО и Европската Унија, во искрено пријателство и партнерство со Вашингтон и Брисел, се истакнува во соопштението.
Од партијата потенцираат дека се повеќе од посветени за да градиме правна држава, држава на правдата, општество во кое ќе владее законот, еднаков за сите. Нашата посветеност на овој јубилеј, велат од ДУИ, ќе донесе и нормативно заокружување на Охридскиот договор преку јазичната еднаквост, но и храбар чекор кон вратите на НАТО и ЕУ како и целосен фокус во зголемување на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.
– Поминаа 15 години од кога ДУИ постави нови стандарди во политиката промовирајќи ги вредностите на толеранцијата, солидарноста, помирувањето, консензуалноста, единството, одговорноста, донесувањето на храбри одлуки и евро-американски дух. Поминаа 15 години од кога ДУИ е на браникот на отпорот со отстранување на стравот инсталиран со децении, вложувајќи постојани напори, Албанците да не се делат и да станат уште поважни, водејќи борба против омразата и нееднаквоста, како и други национални вредности, се истакнува во партиското соопштение.
За партијата, како што велат оттаму, годишнината е вистинскиот момент за изразување благодарност до сите гласачи.
– Петнаесет години сте со нас, петнаесет години години сме заедно. Ние почитувани пријатели, само што почнавме, се вели во соопштението од ДУИ.