Ракометарите на Вардар утре околу 13 часот треба да пристигнат на плоштадот „Македонија" на свечениот пречек организиран од страна на градот Скопје по повод освојувањето на европската титула во ракомет во лигата на шампионите.
Ракометарите се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики" утре во 11,15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал", па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка".
Оттаму европските шампиони ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија".
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар" да пристигнат на плоштадот„Македонија", преку Порта „Македонија".
За оние кои сакаат да дојдат на аеродромот „Александар Велики“ има организиран бесплатен превоз од страна на ЈСП.