Ракометарите на Вардар кои во неделата го освоија трофејот во Лигата на шампионите претпладнево слетаа на скопскиот аеродром.
Европските шампиони беа пречекани од голем број навивачи меѓу кои беа градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.