Новиот ракометен европски шампион Вардар веќе е на пат кон плоштадот Македонија каде е организирана голема прослава по повод големиот успех.

Вардарци пред еден час слетаа на аеродромот „Александар Велики“ и со овации беа дочекани од илјадници граѓани.

По првичните честитки сите заедно се упатија кон центарот на Скопје каде се собира многу народ од различни возрасти кои сакаат да ги поздрават шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2017 11:14