Одликувањата за ракометарите и признанието за ракометниот клуб Вардар од претседателот Иванов се доделува по триумфот на РК Вардар во Лигата на шампионите. Република Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа што претставува континентален првак. Ракометниот клуб „Вардар“ е европски првак во Лигата на шампиони, откако во финалето што се одигра во Келн ја совлада екипата на Парис Сен Жермен.