Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера оствари средба со Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП.

Груевски ќе претстојува во дводневна работна посета на Брисел. Главен настан на неговата посета е конференција за Западен Балкан која е организирана од Европската народна партија (ЕПП), а се одржува во Европскиот Парламент.

Тој во меѓувреме се сретна и со претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел исто така се сретна со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.

Груевски денес ќе има набиена агенда, според која се предвидени билатерални средби со голем број европратеници, но и средба со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2017 12:09