На натпреварот Македонија – Шпанија на 11 јуни во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме.

За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со подигање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

– Во недела, на 11 јуни да ја бодриме репрезентацијата на Македонија на натпреварот против Шпанија, апелираат од ФФМ.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на „mktickets“, официјалниот штанд на ФФМ во „Skopje City Mall“ и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2017 12:13