Масимилијано Алегри, тренерот на фудбалерите на Јувентус, потпиша нов договор со шампионот на Италија до 2020 година.
Според наводите на медиумите, Алегри годишно ќе заработува седум милиони евра, што е повеќе од претходниот договор.
„Алегри несомнено го трансформира клубот во значаен играч на континентот. Рамо до рамо, Јувентус и Алегри ја испишаа историјата. Сега е време да го направиме следниот чекор заедно“, се наведува во соопштението на Јувентус.
Масимилијано Алегри во Јувентус дојде во 2014 година, а досега со „старата дама“ освои три титули во Серија А, три пати Купот на Италија и два пати се избори за пласман во финалето на Лигата на шампионите.