Фудбалската репрезентација на Андора ја забележа втората победа во својата историја, откако синоќа славеше против Унгарија, додека Франција загуби на гостувањето кај Шведска со гол примен од половина терен и тоа во третата минута од судиското дополнение.

По 13 години (2004-та) од првиот историскиот триумф и тоа над Македонија и 66 одиграни официјални натпревари во низа, фудбалерите на Андора синоќа ја забележаа втората победа совладувајќи ја Унгарија со 1-0 во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. До оваа победа Андора стигна со голот на Марк Ребес во 26.минута.

А, селекцијата на Франција иако на гостувањето кај Шведска водеше со 1-0, сепак со голот кој го примија „триколорите“ од половина терен, а по грешка на голманот Лорис во третата минута од судиското дополнение (90+3), им дозволија на Швеѓаните да се радуваа на победата.

Резултати од синоќешните средби во Мундијалските квалификации:

Група А: Шведска – Франција 2-1, Холандија – Луксембург 5-0 и Белорусија – Бугарија 2-1.

Табела: Шведска 13 бодови, Франција 13, Холандија 10, Бугарија 9, Белорусија 5 и Луксембург 1.

Група Б: Латвија – Португалија 0-3, Фарски Острови – Швајцарија 0-2 и Андора – Унгарија 1-0.

Табела: Швајцарија 18 бодови, Португалија 15, Унгарија 7, Фарски Острови 5, Андора 4 и Летонија 3.

Група Х: Гибралтар – Кипар 1-2, Естонија – Белгија 0-2 и Босна и Херцеговина – Грција 0-0.

Табела: Белгија 16 бодови, Грција 12, БиХ 11, Кипар 7, Естонија 4 и Гибралтар 0.

Денеска на програмата се нови девет натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 12:29