Поп ѕвездите Фарел Вилијамс и Шакира, како и рок групата „Колдплеј“ се само дел од изведувачите на хуманитарниот концерт кој ќе се одржи спроти Самитот на Г-20 во Хамбург на 6 јули.

Концертот ќе се одржи во рамките на фестивалот Глобал Ситизен во хамбуршката Барклејкард Арена, два дена пред Самитот, чијшто домаќин ќе биде Германија.

Влезниците се бесплатни, но за добиете една, ќе треба да ја потпишете петицијата со која се повикуваат светските лидери да се обврзат да помагаат на најранливите групи во светот.

Меѓу другите кои ќе настапат се и Ели Гулдинг, групата „Чеинсмоукерс“, како и германските ѕвезди Херберт Гроенмаер и Андреас Бурани.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 16:07