Македонската компанија за анимација и визуелни афекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните афекти во филмот „Мумијата“ со Том Круз во главната улога кој започна да се прикажува во Скопје.
Станува збор за најновото продолжение од франшизата филмови за древната легенда за мумијата која ги фасцинира сите култури од почетокот на цивилизацијата.
Еден од основачите и сопствениците на ФХ3Х Кристијан Даниловски изјави дека на овој проект работеле околу 120 артисти во периодот од октомври минатата година до мај годинава.
– Филмот носи изненадувачки интензитет и адреналинска возбуда и на еден нов начин не води низ светот на боговите и чудовиштата префрлувајќи не од песочните дини на Средниот Исток до тајните лавиринти од модерниот Лондон, вели Даниловски за филмот.
Оваа нова спектакуларна кинематографска верзија за мумијата ја раскажува приказната за принцезата Ахманет (во улога на Софија Бутела) која е разбудена од својот вечен сон во гробницата далеку под пустинските дини, а актерската екипа ја предводи Том Круз.