Најдобриот национален тим на Македонија во Скопје игра со Шпанија во рамките на 6. Коло од квалификациите за пласман во Светското Првенство кое ќе се одржи во Русија во 2018 година. Свесни дека противникот е фаворит, од нашиот табор не планират да го променат начинот на играње. На пресот пред натпреварот, селекторот Ангеловски и капитенот Пандев најавија игра како на последните натпревари, со респект за силниот противник, но без никаков страв.

„Играме против репрезентација која е меѓу четирите најдобри во светот. Но, тоа не ме загрижува, бидејќи очекувам моите момци да го одиграат најдобриот натпревар. За ваков натпревар не е потребна мотивација. Наша работа е да ја подготвиме добро средбата и да си ја завршиме добро работата. Имавме добра можност да ги анализираме Шпанците под Лопетеги, имаат само три нерешени натпревари и нивната игра е за почит. Не отстапувам од мојата офанзивна тактика и без разлика на противникот утре верувам дека ќе ни понудат нови причини за задоволство“, изјави пред новинарите селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2017 14:21