Горан Пандев капитенот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, смета дека во дуелот против Шпанија нашата селекција нема што да загуби, напротив, ако сите го дадат максимумот Македонија може да направи и изненадување.
„Ќе играме против една од најдобрите репрезентации во светот. Веќе десет дена се подготвуваме за овој дуел, убеден сум дека ќе одиграме добар натпревар, нема што да загубиме и сигурно ќе го дадеме максимумот. Шпанците негуваат отворен фудбал, па тоа е добро и за противниците. Оставаат доста простор, треба да уловите што е можно повеќе контра напади и да ги изненадиме Шпанците“, смета капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев.