„Црвената фурија“ го демонстрираше својот квалитет и по првите 45 минути водеше со 0-2. Резултатот за гостите го отвори Давид Силва, а вториот погодок беше дело на Диего Коста, по асистенција на Иско.
Третиот гол на средбата, прв за Македонија, беше дело на Стефан Ристовски кој во 33. настап во „црвено-жолтиот“ дрес дочека да го прослави и својот првенец. Сам ја истрча контрата што му ја отвори Пандев и со силен и презицен удар ја „скина“ мрежата на Де Геа.
Селекторот Игор Ангеловски во финишот ги отвори картите и се обиде со сите напаѓачи да дојде до реми, но сепак во последните пет минути успеавме да создадеме една шанса која не ја крунисавме со изнеднувачки гол.