Едуардо Беризо, поранешниот тренер на Селта, ја презеде екипата на Севилја која ја напушти Хорхе Сампаоли поради местото селектор на Аргентина.
Беризо ја доведе Селта до полуфиналето на Лигата на Европа изминатата сезона, каде што тимот од Виго го елиминира Манчестер јунајтед.
Исто така, екипата од Галиција два пати ја доведе до полуфиналето на шпанскиот Кралски куп.
Севилја со Сампаоли играше во осминафиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, беше во игра за титулата во Ла Лига до март, кога со серијата лоши резултати испадна од борбата.
Андалузијците сезоната ја завршија на четвртото место, па ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.