Италијанскиот стручњак Лучијано Спалети и официјално ја презема клупата на Интер, соопшти клубот од Милано.

Спалети со „нероаѕурите“ потпишал двегодишен договор откако го заврши вториот престој во Рома.

Спалети има големо искуство во Серија А во која од моментно ангажираните тренери во клубовите во лигата има најмногу натпревари – 406.

Досега ги водеше Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе и Рома, како и Зенит Санкт Петерсбург каде за четири сезони освои две шампионски титули што досега не успеал во Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2017 19:38