Победниците од Лигата на шампионите Реал Мадрид, односно на Лига Европа Манчестер јунајтед ќе се борат за трофејот на арената Филип Втори.

Продажбата на билетите стартува денес, а интересот за билетите е голем, па по тој повод денеска во 18 часот ќе се одржи пресконференција на арената Филип Втори на која ќе биде соопштено како најлесно и најбргу заинтересираните ќе можат да стигнат до влезница.

Покрај преставниците од УЕФА на денешната пресконференција ќе бидат и Емилио Бутрагењо и Луј Саха како преставници од победничките клубови кои ќе се сретнат во Скопје.

Она што е познато за билетите е дека продажбата ќе оди преку УЕФА, дел од влезниците ќе бидат поделиени на двата тима, а дел од влезниците ќе задржи УЕФА за своите спонзори, додека остатокот е предвиден за локалното население.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2017 12:47