Менаџерто на Ливерпул, Арне Слот изрази уверување дека Ибрахима Конате ќе биде на располагање за финалето на Карабао купот, додека „црвените“ се надеваат дека Трент Александер-Арнолд ќе се врати на терените пред крајот на сезоната.

Францускиот дефанзивец беше заменет за време на продолженијата при поразот на тимот од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите во средината на неделата. Во меѓувреме, Александар-Арнолд беше принуден да го напушти теренот во вториот дел поради повреда.

Слот и неговиот тим се соочуваат со Њукасл Јунајтед на „Вембли“ во недела, а на прес-конференцијата во петокот наутро тренерот беше прашан за состојбата на двајцата играчи.

-Можеби дури и Кертис [Џонс] ќе може да игра таму. Можете да користите и лев бек на десната страна - нешто што Њукасл го прави во моментов, но на спротивната страна. Трент нема да биде достапен. Нема да игра во финалето. Допрва треба да се одреди колку долго ќе биде надвор од терените, но очекуваме да се врати пред крајот на сезоната. Во однос на Конате, вчера не трениравме, имавме слободен ден, а претходниот ден беше за опоравување. Очекувам денеска да тренира со нас, но ќе видиме во каква состојба е, порача Слот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2025 04:49