Толисо потпиша договор на пет години со Баерн, а износот на трансферот го соопшти Лион, со напомена дека има можност германскиот клуб да плати уште шест милиони евра.

Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен го доведе Корентен Толисо од Лион за 41,5 милиони евра, што е рекорден трансфер во Бундеслигата.

„Поминав одлично време во Лион и многу сум благодарен за тоа. Сега навистина сум почестен што ќе бидам во еден од најдобрите клубови во Европа“, изјави Толисо.

Толисо потпиша договор на пет години со Баерн, а износот на трансферот го соопшти Лион, со напомена дека има можност германскиот клуб да плати уште шест милиони евра.

Толисо во Лион дојде на 13 години, за првиот тим дебитираше во 2013 и играше 160 натпревари, вклучувајќи 32 во европските натпреварувања.

Карл-Хајнц Румениге, првиот човек на Баерн, изјави дека клубот е почестен со неговото доаѓање и дека францускиот фудбалер бил желба на тренерот Карло Анчелоти.

„Навистина сме задоволни бидејќи потпишавме договор со толку млад и интересен играч покрај силната конкуренција која ја имавме од странство. Тој е фудбалер на кого Баерн ќе може да се потпре“, изјави Румениге.

Толисо би требало да биде замена за Чаби Алонсо, кој се пензионира.

Тој е четврто засилување на Баерн, по Серж Гнабри, Себастијан Руди и Никлас Силе.

„Тројцата се многу интересни играчи за Германија, а сега го имаме и Толисо, кој веќе е репрезентативец на Франција. Тие четворица фудбалери ќе ѝ додадат вистински квалитет на екипата и значително ќе ја освежат“, додаде Румениге.

Баерн минатата сезона ја освои Бундеслигата петти пат по ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 00:32