Фудбалскиот клуб Рома официјално потврди дека Еузебио ди Франческо ќе биде нов тренер на екипата.
Ди Франческо потпиша договор на две години, односно до крајот на сезоната 2018/19.
Ди Франческо како играч дресот на Рома го носеше во текот на четири сезони, од 1997 до 2001 година, одигра 129 натпревари и постигна 16 голови, а беше дел и од последната шампионска екипа на чело со Фабио Капело.
„Многу сум среќен што сум повторно во Рома, да се биде тренер на овој тим за мене е голема чест. Му се заблагодарувам на претседателот Палота и на своите менаџери што ми овозможија ваква работа“, изјави Ди Франческо.
Досега ги водеше Виртус Ланчано, Пескара, Лече и Сасусоло.
Рома претходно во вторникот официјално го донесе првото засилување, стоперот Хектор Морено од ПСВ.