Годинешниот мегахит „Убавицата и ѕверот“ го освои светот со својата нова верзија на класичниот анимиран филм. А, сега, ни доаѓа и свежа играна верзија на Аладин, но кој ќе биде негативецот?

Гај Ричи, режисерот на филмските хитови „Шерлок Холмс“, “Lock, Stock and Two Smoking Barrels“ ги изненади сите кога започна преговори со Дизни за снимање на римејк на „Аладин“ со вистински актери.

Но, она што уште повеќе не` изненади беше веста дека Вил Смит би можел да го глуми Духот, сега ни доаѓа и гласина дека улогата на главниот негативец Џафар би можела да ја превземе Том Харди.

Ричи и Харди веќе соработувале претходно на филмот „RocknRolla”, па поради тоа ова е гласина која и не е толку неверојатна. Иако е активен на Инстаграм, режисерот се` уште не се изјаснил за оваа шпекулација, па засега нема да ја отфрлиме.

Сепак, на интернет веќе се зборува за тоа дека оваа улога не е за белци и дека станува збор за расизам, па режисерот не би требало да му ја даде на белец. Како ќе се заврши оваа драма ќе дознаеме кога режисерот или актерот ќе се изјаснат за тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 02:31