Шефот на пратеничката група на СНС во Собранието на Србија, Александар Мартиновиќ закажал за в понеделник состанок на пратеничката група, јавија белградски медиуми.

Според Блиц, состанокот ќе се одржи во Белград.

– Претседателот Александар Вучиќ доаѓа да не убеди нас пратениците од СНС да гласаме за одлуката за изборот на Ана Брнабиќ за премиер, изјави партиски извор за весникот.

Претставниците на Единствена Србија на Драган Марковиќ ќе гласаат против изборот на Брнабиќ за прмеиер.

Ниту во СНС нема единство, па најмалку третина од 102 пратеника колку што имаат од СНС, негодуваат поради одлуката на Вучиќ мандатот да и го довери на досегашната министерка за државна управа, нагласува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 12:25