Раул Гонзалес не го криеше задоволството од доминантната игра на македонските ракометари во синоќешниот убедлив триумф над Чешка со кој Македонија по петти пат (четврти во низа) ќе игра на Европското првенство.

– Одигравме одлично во текот на целиот натпревар. Сите играчи знаеја што треба да играат и немам никакви забелешки. Одиме на ЕП каде што се селекции како Шпанија Германија Данска… Има многу до Хрватска ќе размислуваме за ЕП кога ќе дојде време, изјави селекторот Гонзалес по мечот со Чешка.

Шпанскиот стратег на кормилото на Македонија додаде дека за него ова е најуспешната година во кариерата.

– Сега, ќе уживаме. Најважно за нас е што одиме на ново големо натпреварување. Зад себе ја оставам најдобрата сезона во кариерата. А, за ЕП, ќе видиме што ќе биде, сакаме нов успех, но има доста време до стартот, изјави македонскиот селектор.

За Македонија ова е 10-то учество на големо натпреварување, а седмо по ред. Се почна во 1998 година на ЕП во Италија, продолжи на СП 1999, по што следуваше пауза од десет години за настап на Мунидјалот во Хрватска 20009. Од 2012 година „црвено-жолтите“ се постојани учесници континенталните и светски шампионати.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2017 19:50