Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на 31-ви јули ќе се најде на рочиште пред шпанскиот Суд заради обвинението за затајување данок.
Според шпанските медиуми најдобриот светски фудбалер ќе даде исказ во 11 часот.
Роналдо е обвинет дека затаил 14,7 милиони евра данок, иако Португалецот и неговите застапници тврдат дека тој е невин.
„Понекогаш најдобриот одоговор е да молчиш“, порача Роналдо минатата недела на својот „инстаграм“ профил.
Последните денови во јавноста се шпекулира дека Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид поради овие обвиненија, а меѓу заинтересираните клубови се Манчестер јунајтед и ПСЖ.