„Гугл Плеј Стор“ ќе добие нова секција – Андроид Екселенс, која ќе ги нуди само оние апликации што Гугл смета дека се квалитетни. Во таа секција ќе влезат програмите со оценка „неверојатно корисничко доживување” за квалитет и безбедност, соопшти компанијата.

Со над два милиони апликации во „Гугл Плеј Стор“, наоѓањето добри програми е предизвик.

Поради тоа, Гугл има намера да им помогне на корисниците на Андроид платформата, со тоа што ќе ги рангира апликациите по квалитет.

Веќе има и список со избрани апликации. Меѓу нив се: Evernote, Hotel Tonight, Vivino, Sleep as Android, Skyscanner и Pocket. Меѓу првите топ игри пак, се наоѓаат: Hitman Go, Kill Shot Bravo, Golf Clash…

Секцијата постојано и редовно ќе се обновува, па ако квалитетот на некоја програма опадне – ќе отпадне од листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2017 08:52