Војската на Црна Гора наскоро би можела да биде засилена со три хеликоптери, радар и оклопни возила, јавува подгорички „Вијести”.

Парите за тоа би требало да бидат обезбедени од продажба на стара и непотребна опрема, а дел и од буџетот и од донации. Црногорските власти за тоа би требало да одлучат до крајот на јули.

Според неофицијални информации, се проценува дека трите хеликоптери и радарот би чинеле 45, најмногу 50 милиони евра.

Оклопните возила пак, се веќе набавени од германски донации од 2,1 милион евра и американски, чиј износ се уште не се соопштува.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2017 18:58