Талентираниот чешки напаѓач Патрик Шик дојде во Јувентус од Сампдорија за 30 милиони евра, соопшти италијанскиот шампион.

Интересно е тоа што Јувентус плати пет милиони евра повеќе отколку што е откупната клаузула во договорот на 21 годишниот фудбалер за да ја исплати бараната сума на три години.

Шик во Торино ги мина лекарските прегледи и потпиша повеќе годишен договор со финалистот на Лигата на шампионите и освојувачот на двојната круна во Италија.

Чехот минатата сезона во дресот на Сампдорија постигна 11 голови во Серија А и беше едно од најпријатните изненадувања во првенството.

Претходно играше за Спарта Прага и Бохемијанс, а за чешката репрезентација има пет настапи и еден постигнат гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2017 19:01