Во рамките на Скопско лето во недела ќе се одржи концерт "Реквием-В.А.Моцарт" на хорот и оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Настанот ќе се случи на платото пред МОБ, со почеток во 21 часот.
Како солисти ќе настапат нашите еминентни оперски пејачи Благој Нацоски - тенор, Владимир Саздовски - бас, Ирена Кавкалевска - мецосопран и Нада Талевска - Спасовска - сопран.