Денеска во Албанија е предизборен молк пред утрешните парламентарни избори, на кои ќе биде избран новиот парламент.

Трите најголеми политички партии, Социјалистичката, Демократската и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), меѓу кои и ќе се води главната битка, синоќа ги одржаа завршните изборни митинзи. Во приморскиот град Валона, завршен митинг имааа социјалистите, Демократската партија на плоштадот „Народни херои“ во Тирана , додека ЛСИ во градот Фиер.

Според Централната изборна комисија, ЦИК, во единствениот избирачки список запишани се 3.451.896 лица со право на глас. Од нив, првпат своето граѓанско право да гласаат треба да го остварат 136.239 лица.

Албанските граѓани ќе имаат можност да изберат меѓу 18 политички субјекти. Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на овие избори е во коалиција со ЛСИ, на новиот албански претседател Илир Мета. Во изборната единица во Корча на кандидатската листа е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и познат активист за правата на Македонците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 18:52