Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска се врати од настапот на Европското првенство во Полска, каде одигра еден нерешен натпревар со Србија (2:2) и доживеа два пораза Шпанија (0:5) и Португалија (2:4). Синоќа нашите играчи загубија од Португалија, но општ е впечатокот дека нашата репрезентација одигра добри три натпревари на шампионатот и се претстави во добро издание.

– Мислам дека одигравме добро и борбено пред се на сите натпревари и со сите ривали од групата Шпанија, Португалија и Србија бевме квалитетен ривал. Мислам дека оставивме добар впечаток за прв настап на Европско првенство. Ова е големо искуство за мене пред се со 17 години. Се надевам дека ќе настап и на уште некое Европско првенство со следната генерација или со таа по неа. Воедно може и со некоја друга генерација да го надминеме овој резултат што го постигнавме сега, изјави еден од најмладите во селекцијата Елиф Елмас по доаѓањето во Скопје.

Иако е еден од најмалдите и во новиот циклус квалификации за репрезентации до 21 година Елмас се очекува да биде носител на играта на нашата репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 19:50