Македонскиот вицешампион во ракомет Металург и во новата сезона 2017/18 ќе биде дел од Лигата на шампионите. Металург повторно ќе биде дел од групите Ц и Д, каде се натпреваруваат условно „послабите“ екипи, односно во двете групи од по шест екипи. Металург и оваа сезона побара „вајлд карта“ што беше потврдена од страна на ЕХФ.

Европскиот и македонски шампион Вардар е дел од натпреварите во А и Б групите, каде вкупно ќе учествуваат 16 екипи.

Во групите А и Б ќе бидат поделени следниве екипи: Вардар (шампион), Веспрем, Рајн Некар Ловен, Килеце, ПСЖ, Кил, Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.

Во групте Ц и Д ќе се натпреваруваат следните тимови: Металург, Адемар, Скјерн, Монпеље, Кадетен Шахфаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и победникот од квалификациите.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 30 јуни во Љубљана, а натпреварите од 1.коло ќе се играат од 13 -17 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 19:52