Репрезентации на Мексико и на Португалија се пласираа во полуфиналето на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија откако на натпреварите од 3. коло од А групата постигнаа победи над Русија односно Нов Зеланд.

Мексико го совлада домаќинот Русија со 2:1 со пресврт. Русите поведоа со голот на Александер Самедов во 25. минута, а головите за Мексико ги постигнаа: Нестор Араухо во 30. минута и Ирвинг Лозано во 52. минута.

На вториот натпревар од групата европскиот првак Португалија го совлада Нов Зеланд со 4:0, а стрелци на головите беа: Кристијано Роналдо 33.минута (пенал), Бернардо Силва 37.минута, Андре Силва 80.минута и нани 90+1.минута.

Табела: Португалија 7 бодови, Мексико 7, Русија 3, Нов Зеланд 0.

Утре се играат натпреварите од 3.коло од Б групата: Чиле – Австралија и Германија – Камерун.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 19:59