Скопјани вчеравечер имаа можност да уживаат во забавата која што им ја приреди еден од најпопуларните Ди-Џеи во моментот, Мартин Гарикс.
Стадионот на Армијата на Република Македонија во Градскиот парк успеа да собере над 15.000 обожаватели на хит мејкерот Мартин Гарикс, а тој за возврат им понуди одлична журка која долго ќе се памети.
Неговиот настап беше во рамки на манифестацијата „Skopje Calling“ а пред него како подгравање на атмосферата настапија Ampov, Duoz, Alex Adair-и специјалниот гостин Justin Mylo.
Покрај музичкото шоу каде што кулминацијата се достигна во моментите кога ечеа „Scared to be lonely“, „In the name of love“ и единствената „Animals“ организаторите на „Skopje Calling“ приредија и фантастично сценско – визуелно шоу.
Годинава „Skopje Calling“ започна со фантастичната изведба на Thievery Corporation во вторникот a вчеравечер продолжи со Мартин Гарикс.