Денеска околу 10.00 часот од страна на непознато лице извршено е убиство на најверојатно три лица (едно лице е убиено во с.Глумово, додека две лица се убиени на влез во с.Кондово).

При обид за приведување на лицето во с.Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство.

Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидот е во тек. Најверојатно сторител е Ш.С. од с.Глумово.

Според неофицијални информации убиствата и самоубиството се случиле поради нерасчистени имотно - правни односи помеѓу убиените и самоубиецот кои биле во роднински врски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 12:31