Фудбалскиот клуб Јувентус од Торино ја раскина соработката со Бразилецот Дани Алвес.
Бепе Марота, извршниот директор на Јувентус, изјави дека Алвес изразил желба да искуси нешто ново и додаде дека се надева дека договорно ќе ја прекинат соработката.
Бразилецот во клубот од Торино помина една сезона, ја освои Серија А и играше во финалето на Лигата на шампионите.
Пред Јувентус, играше во Барселона, каде што соработуваше со Пеп Гвардиола, сегашниот тренер на Манчестер сити, кој сака да ја продолжи соработката со бразилскиот фудбалер во клубот од Островот.
Пред неколку седмици, Сити го напушти Аргентинецот Пабло Забалета, кој игра на истата позиција како Алвес, но стана вишок на „Етихад“ поради годините.
Забалета е две години помлад од Алвес.