Македонскиот ракометен вицепрвак Металург се засили со црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ, кој игра на позиција среден бек.

25-годишниот Анѓелиќ доаѓа од унгарски Чеглед, а претходно настапувал и за екипите на Цепелин од Цетиње, за белградска Црвена Звезда и за Малме од Шведска.

– Две работи беа решавачки за да дојдам во Металург. Сакав да продолжам да тренирам кај врвен тренер каков што е Лино Червар и сакав да настапувам во две врвни лиги – во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Сигурен сум дека не сум погрешил и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот, кратко изјави Анѓелиќ за клупскиот сајт на Металург.

Договорот меѓу клубот од Автокоманда и Анѓелиќ е со важност на една година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2017 14:47