Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев по завршувањето на сезоната не е повеќе член на Џенова и во моментов е во потрага по нов клуб.

Тој на денешната прес-конференција посветена на новиот македонски прволигаш Академија Пандев се пошегува дека сите го бараат, но единствено нема понуда од неговиот клуб.

– Мојата желба е кариерата да ја завршам во Италија. Имам понуди од Кина, Јапонија, Турција, Полска, само не ме бара Академија Пандев. Многу време минав во Италија, семејството таму е добро адаптирано, и таму сакам да ја завршам кариерата, изјави Пандев.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2017 14:50