Репрезентацијата на Чиле избори место во финалето на фудбалскиот Куп на Конфедерации што се одржува во Русија. Чилеанците синоќа во Казан, во првиот полуфинален меч ја победија Португалија со 3:0 на пенали.

По основните 90 и дополнителни 30 минути немаше погодоци, иако и двете репрезентации имаа по неколку шанси за гол.

Јунак во пенал серијата беше голманот на јужно-европскиот шампион Клаудио Браво кој ги одбрани пеналите на Рикардо Кварезма, Жоа Мутињо и Нани, додека за Чиле погодија Артуро Видал, Чарлс Арангуиз и Алексис Санчез, па немаше потреба за четврта и петта серија бидејќи водството од 3:0 беше недостижно за европскиот шампион.

Во второто полуфинале вечер од 20 часот во Сочи ќе се сретнат селекциите на Германија и на Мексико.

Финалето е закажано за недела во Санкт Петербург.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2017 10:34