Во првото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони одиграни се првите пет натпревари.

Синоќа во Белфаст, првакот на Северна Ирска Линфилд славеше минимална победа над Ла Фиорита од Сан Марино со 1:0 гол постигнат во финишот на натпреварот.

Резултати на другите четири натпревари:

Алашкерт – Санта Колома 1:0,

Хибернианс – Инфонет 2:0,

ТНС – Европа ФЦ од 1:2 и

Викингур – Трепча 2:1.

Реваншите се закажани за вторник (4 јули).



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2017 11:11