Европската ракометна федерација (ЕХФ) во договор со домаќинот на Европското првенство – Хрватска ги одреди термините за натпреварите од првата фаза за шампионатот што ќе се одржи во јануари 2018 година. Македонија натпреварите од групата Ц ќе ги игра во Загреб, а ривали се: Германија (европски шампион), Словенија и Црна Гора.

Македонија во првото коло на 13 јануари ќе игра против Словенија од 19:30 часот, по два дена подоцна против Црна Гора нашата репрезентација ќе игра во терминот од 20:30 часот, додека во последното коло од групата против европскиот првак Германија на 17 јануари, Македонија ќе игра во терминот од 18:10 часот.

Натпреварите на ЕП во ракомет во Хрватска ќе се играат во четири градови во Хрватска: Загреб, Сплит, Пореч и Вараждин, од 12 до 28 јануари 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2017 08:13