Англискиот второлигаш Лидс се договорил со Лугано за трансфер на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.
Швајцарските медиуми известија дека Алиоски се разделил со Лугано и дека е постигнат договор за трансфер на македонскиот интернационалец на „Иланд роуд“.
Според извештаите Алиоски одбил неколку клубови од Италија и Германија за да го комплетира трансферот во англискиот Шампионат и да му се придружи на Лидс.
Алиоски може да игра на двете крилни позиции или како напаѓач, а со Лугано имаше успешна сезона - на 34 натпревари постигна 16 голови по што беше забележан од неколку европски клубови.
Дваесет и петгодишниот Алиоски потекнува од на младинската школа на Јанг бојс, а пота премина во Шафхаузен.