Калчолигашот Милан се договори со Сандерленд за трансфер на напаѓачот Фабио Борини, пренесоа италијанските медиуми.
Борини сакаше да ги напушти „црните мачки“ откако клубот испадна од Премиер лигата, а медиумите претходно го поврзуваа со Лацио.
„Газета дело спорт“ објави дека Милан и Сандерленд оствариле договор и дека Борини денеска ќе ги помине лекарските прегледи.
Борини минатата сезона одигра 26 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола. Претходно во кариерата играше и за Челзи, Парма, Рома и Ливерпул, а има и еден настап за сениорската италијанска репрезентација.