Автомобил марка „Порше“ ноќеска било опожарено пред градскиот стадион.

Како што соопшти МВР, 30 минути по полноќ во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје поточно во Градскиот парк во близина на Арена „Телеком“ имало опожарено возило „Порше“ со скопски регистерски таблици сопственост на А.Д., а управувано од М.Д. од Скопје.

Од страна на полицаец од местото на настанот било подигнато шише со бензин. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 19:50