Еден маж и две жени го загубија животот, а дете е повредено во тешка сообраќајка која вечерва се случила на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано „Црна Точка“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале две возила, марка „Голф“, со велешки и кумановски регистерски ознаки.

Според првичните информации на полицијата во кумановскиот Голф имало четири лица, еден маж, две жени и дете. По несреќата на лице место животот го загубиле мажот и едната жена, додека втората починала во велешката болница.

Детето кое било во возилото со повреди е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, но нема детали за неговата здравствена состојба.

Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид, а се преземаат и мерки за утврдување на идентитетот на починатите лица.

Сообраќајот на овој регионален пат од 20:15 часот е затворен во двата правци.

Фото: Курир



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 23:11