Едно лице загина, а тројца се потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 19 часот на патот Прилеп- Крушево, на излезот од Прилеп кај месноста „Бегова Ливада“ кај селото Големо Коњари.

- Од се уште непознати причини возило марка „Фолсфаген венто“ со прилепски регистерски таблички излетало од патот. На местото на несреќата загинал 24-годишен жител на прилепското село Славеј со иницијали И.П, а тројца сопатници се тешко пворедени и се префрлени на лекување на хируршкото одделение во прилепската градска болница. Увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител, изјави портпаролот на СВР Битола Магдалена Димитриевска. Од Итната медицинска помош информираа дека две екипи пристигнале на местото на несреќата, но само ја констатирале смртта на момчето. Другите се префрлени во прилепската градска болница. Поради сообраќајката синоќа имаше неколкучасовен прекин на сообраќајот на патот Крушево-Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 09:08