Реванш натпреварот од 1.коло од квалификациите од Лига Европа меѓу Пелистер и Леч (Полска) што ќе се игра во четврток во Струмица ќе почне во 17 часот, наместо во 19 часот како што беше првично закажан. До промената на терминот дојде од причина што осветлувањето на стадионот „Младост“ во Струмица е недоволно.

УЕФА го одобри новиот термин за почеток (17 часот). Лех по првиот дуел има предност од 4:0.

Вториот наш тим во Лига Европа, Работнички истиот ден го пречекува Тре Пене тимот од Сан Марино. Дуелот се игра на еден од терените на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот во Скопје,а почетокот е во 17:30 часот.

Од ФК Работнички информираа дека влезниците за овој дуел ќе се продаваат по цена од 150 денари. Влезниците можат да се набават онлајн преку мрежата на МК Тикетс, а на денот на натпреварот и пред самиот влез на комплексот на ФФМ. На првиот дуел Работнички на гости победи со 1:0.

Третиот македонски клуб Шкендија во Лига Европа во четврток гостува кај Дачија во Молдавија, а од првиот натпревар има предност од 3:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2017 01:58