Довчерашниот централен одбранбен фудбалер на Реал Мадрид, Пепе, е нов фудбалер на турскиот шампион Бешикташ.
Искусниот португалски репрезентативец потпиша договор со клубот од Истанбул и така стави крај на шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата.
На Пепе му истече договорот со актуелниот шампион на Европа и на Шпанија на последниот ден од јуни, а имаше можност од Мадрид да се пресели во Париз.
Меѓутоа челниците на ПСЖ и триесет и четиригодишниот Португалец не успеаја да се договорат околу некои детали на соработката што го искористи Бешикташ и се засили за новата сезона.
Пепе десет година го носеше дресот на „кралскиот клуб“ и настапи на повеќе од 300 натпревари. Со мадриѓаните освои 13 трофеи, вклучувајќи и три во Лигата на шампионите.
Пред Реал играше за Маритимо и за Порто.