Најдобриот фудбалер на Барселона го има вториот највреден договор, на првото место е Карлос Тевес кој во Кина заработува 700.000 евра неделно.
Барселона ја објави и новата откупна клаузула која е 300 милиони евра.
Меси ги загрижи навивачите на каталонскиот клуб минатите седмици со оглед на тоа што стариот договор му истекуваше следната година, а немаше нов договор на повидок.
„Клубот е многу среќен поради договорот и посветеноста на Меси, најдобриот фудбалер во историјата кој ја помина целата професионална кариера во Барселона и ја предводеше екипата до неверојатни успеси“, се вели во соопштението на клубот.
Аргентинецот во Барселона дојде на 13 години и штом му се приклучи на првиот тим го покажа својот неверојатен талент. Досега одигра 585 натпревари и постигна 510 голови.
Меси пет пати ја освои Златната топка и со Барселона освои 29 трофеи, од кои девет шампионски титули во Шпанија, четири во Лигата на шампионите, пет пехари на Кралскиот куп, три Суперкупа на Европа и на Светското клупско првенство.