Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше две места на најновата ФИФА ранг листа.

Избраниците на Игор Ангелов се наоѓаат на 134-то место на листата меѓу 211 светски национални селекции.

Македонија има 228 бодови по јуни и е на 134-тата позиција, зад селекциите на Летонија, Тајланд, Свазиленд и Виетнам, како и на Андора која по победата над Унгарија напредуваше и се наоѓа на 129-тото место.

Од репрезентациите од нашата квалификациска група за СП 2018 во Русија, најдоброрангирана е Шпанија на 11-тото место, која падна за една позиција во однос на минатиот месец. Италија е 12-та, Албанија 63-та, Израел на 70 место и Лихтенштајн е на 191-та позиција.

На врвот на ФИФА листата е Германија, со напредок од две позиции, пред Бразил, Аргентина, Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција и Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 11:43