Трите македонски екипи кои настапуваат во квалификациите за фудбалската Лига Европа, денес ќе ги одиграат реваншите од првата рунда.

Најубедлива на првиот дуел беше Шкендија која оствари три голови предност за гостувањето во Молдавија кај Дачија, Работнички со минимална предност ќе го започне натпреварот со Тре Пене, додека во најнезавидна ситуација е Пелистер кој загуби убедливо на првата средба во Полска.

Двојки и резултати од првите натпревари:

Дачија – Шкендија (0:3 прв натпревар);

Пелистер – Лех (0:4);

Работнички – Тре Пене (1:0).

Шкендија својот дуел ќе го почне во 16 часот, додека другите две македонски екипи ќе стартуваат во 17 часот.

Покрај овие три, во текот на денешниот ден ќе се одиграат уште 45 реванши од 1.коло. Пласман во 2.коло во вторникот обезбедија екипите на Видеотон и Прогрес Нидеркорн.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 12:04